• apoteka1.jpg
  • barcode1.jpg
  • barkode2.jpg
  • gajbica2.jpg
  • punchline2.jpg
Smaller Default Larger

Ние сме посветени да создаваме цврста основа за здрава заедница, преку целосна усогласеност со безбедноста на лековите, законодавство и процедурите, унапредување на каналите за дистрибуција и ориентација за висококвалитетно работење.

 

Магацинот на ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ – Скопје е сместен на локацијата Јадранска Магистрала бр. 31, Скопје, во објект со вкупна површина од 1484m².

Делот за складирање на робата има вкупно 492 палетни места, а ладната комора 12 палетни места. Робата е складирана на статични полици и гравитациони полици, полици над подвижната лента и рафтови распределени во станици за одвојување, поделени и означени соодветно. Производите се складирани на 6880 BIN локации.

Одвојувањето на артиклите се врши во зелени гајби на полуподвижна лента чија вкупна должина е 66m и поминува низ секој од сегментите за складирање на робата, освен статичните полици на кои се резервните локации за робата и просториите за специјални категории на лекови кои имаат посебен режим на чување.

Во рамки на магацинот има терциерно производство со површина од 30m², каде се врши дообработка на увезните лекови (аплицирање внатрешни упатства на македонски јазик, декларации на македонски јазик, налепници за увозник, цени на комерцијални лекови и слични активности за дообработка на производите пред нивно пуштање во промет за клиентите).

Специјалните категории на лекови кои имаат посебен режим на чување, согласно Законот за лекови и Правилниците за веледрогериско работење, имаат посебни простории во кои се чуваат заклучени и за кои има строго контролиран пристап од страна на персоналот.

Амбиенталните услови се строго контролирани со посебен моноторинг систем за одржување на истите - HVAC систем. 

СЕКОЈ ДЕН, ДОБАР ДЕН

Главна цел на нашиот дистрибутивен тим е брза и сигурна испорака на роба до сите наши клиенти. Тоа е тим на луѓе кој секојдневно посветено работи на претворање на приказната Phoenix pharma во реалност.

Секојдневната испорака опфаќа 80% од територијата на Македонија. На купувачите на територија на градот Скопје, обезбедена им е достава и до 3 пати дневно.

 

До најоддалечените места на нашата земја стигнуваме 3-4 пати неделно.

Тоа се реализира со возен парк составен од 11 (6 комбиња и 5 пикапа) транспортни возила со различна носивост во волумен и тежина, сѐ со цел задоволување на потребите на клиентите со навремена достава на фармацевтските производи. За транспорт на лекови со посебен режим на чување има рачни ладилници.