• apoteka1.jpg
  • barcode1.jpg
  • barkode2.jpg
  • gajbica2.jpg
  • punchline2.jpg
Smaller Default Larger

PHOENIX дава заедничка изјава за  мисијата на групацијата!

Од основањето на групацијата PHOENIX, пред повеќе од 20 години, компанијата се развиваше многу динамично, преминувајќи многу национални граници. Наша цел и во иднина е успешен раст ширум Европа. Притоа си одредивме јасна визија да бидеме најдобар интегриран понудувач на здравствени услуги - каде и да било. Новата изјава за мисијата ни служи како најважна насока во секојдневното работење.

Со поддршка на раководството и со учество на сите вработени, со оваа изјава за мисијата сега сакаме да ги поврземе минатото со иднината. По тој повод, нашите долгорочни вредности по прв пат ги обединуваме во изјавата за мисијата на целата групација PHOENIX. Истовремено, поставивме заеднички и задолжителен план за во иднина, со што групацијата PHOENIX ќе продолжи успешно и динамично да се развива во вистинска насока.

За нашите клиенти и деловни партнери оваа изјава служи како важен знак кој ќе им покаже дека сме компанија која е насочена кон иднината, која има јасна визија и која им нуди примамливо портфолио на услуги низ целиот фармацевтски синџир на вредности.

За општо разбирање на оваа изјава за мисијата, во продолжение сакаме подетално да ви прикажеме што подразбираме под поимите што се наоѓаат  во изјавата за мисијата на групацијата PHOENIX: 

 

vizijamak

 

НАША РАБОТНА ФИЛОЗОФИЈА

Како семејна компанија, се обврзавме на трајно одржување на компанијата, како и долгорочно зголемување на нејзините вредности. Посветени сме на одржлив раст кој го постигнуваме со континуиран развој. Основа на нашиот успех се нашите вработени. Со нивно усовршување во сите области не поттикнуваме само поедници, туку истовремено обезбедуваме  успешен развој на целата групација. Тоа ни овозможува задачите кои бараат одговорност лесно да ги решаваме како денес, така и во иднина.

НАША ВИЗИЈА

Наша визија е да даваме единствена и сеопфатна здравствена услуга, навремено и на секое место. Тоа за нас значи дека низ целиот фармацевтски синџир на вредности, за секоја група на клиенти можеме да понудиме за нив најповолни услуги и производи. Нашиот широк спектар на услуги може да биде подеднакво корисен за фармацевтските производители, аптеките, докторите, болниците, фондовите за здравствено осигурување и пациентите. Тоа го постигнуваме со својата посветеност на синергија на нашите активности во областите на големопродажба, малопродажба и фармацевтски услуги. На тој начин сме совршена алка помеѓу призводителите во фармацевтската иднустрија и пациентите. Заедно со нашите вработени ја обликуваме нашата иднина и продолжуваме да следиме одржливо и квалитетно управување со компанијата кон долгорочен успех.

НАША МИСИЈА

Наша мисија е зачувување на здравјето на луѓето. Како водечки европски дистрибутер во фармацевтската индустрија, преку големопродажбата, малопродажбата и фармацевтските услуги, се грижиме фармацевтските призводи да бидат во вистинско време и на вистинско место во 25 земји во кои работиме. Со тоа секојдневно даваме важен придонес за сеопфатно и сигурно снабдување со здравствени производи во Европа: тоа опфаќа логистика во здравството за производителите ширум Европа, поддршка на аптеките преку различни услуги и сигурна логистика, стручно советување во нашите аптеки, како и целосна оптимизација за снабдување и грижа за пациентите. Меѓу нашите клиенти се речиси 100.000 аптеки, милиони пациенти и потрошувачи, како и бројни компании од фамацевтската индустрија.

НАША СТРАТЕГИЈА

Нашето работење го насочуваме кон потребите на клиентите. Успешни клиенти придонесуваат и за нашиот успех. Врвната услуга е клуч за нашиот напредок. Од една страна, тоа значи дека во нашето секојдневно работење се стремиме кон највисок можен квалитет, а од друга страна дека водиме грижа за трошоците. Како одговорна компанија се раководиме според начелата на општествена одговорност и зачувување на животната средина.

НАША ДЕЛОВНА КУЛТУРА

Think together global – act local! Примена на успешни искуства и деловни решенија во сите наши компании е она што нѐ води напред. Суштинска предност во однос на конкуренцијата е конструктивната соработка која ги преминува границите на земјите и народите. Ширум Европа секојдневно учиме едни од други со континуирано разменување искуства за најдобрата деловна пракса и поттикнуваме размислувања кои достигнуваат надвор од рамките на полето на работење. Истовремено се истакнуваме и со близината на пазарот. Тоа ни овозможува флексибилно и брзо да одговориме на специфичните локални барања.

НАШИ ВРЕДНОСТИ

Нашето работење е секогаш засновано на вредностите кои важат во сите наши компании. Тие се темел за секојдневно исполнување на нашата мисија „We deliver health across Europe“.

СИГУРНОСТ

Ние го правиме тоа што ќе го кажеме. Даваме услуги со највисок можен квалитет и сигурност. Поттикнуваме индивидуални способности, потенцијали и мотивација кои ги поседуваат нашите вработени, за да продолжиме со унапредување на услугите за нашите клиенти. Конструктивната соработка која  достигнува надвор од националните граници и примената на успешни концепти е она што ни дава клучна предност во однос на конкуренцијата. Ние сме сигурен партнер во сите области поврзани со здравјето и благосостојбата на луѓето ширум Европа. За нас е од голема важност партнерската и отворената меѓусебна соработка како со клиентите, така и со добавувачите. Се одликуваме со постојан развој и доследност во спроведувањето на нови идеи, а благодарение на нашата стабилна деловна структура постојано ја унапредуваме нашата стратегија на работење.

ПРОАКТИВНОСТ

Акција, а не реакција. Се залагаме за јасни и напредни цели, брзи одлуки насочени кон резултати, како и за структурирана соработка. Запознаени сме со фармацевтските пазари во Европа и нивните предизвици. Преку постојаната меѓусебна размена која ја остваруваме едни со други, како и со своите клиенти и деловни партнери, имаме одличен преглед на пазарот. Тоа ни овозможува да ги утврдиме соодветните очекувања и флексибилно да реагираме на промените. На нашите клиенти им даваме соодветна поддршка во секое време.

ПОЧИТ

Здравјето е богатство! Свесноста за тоа го одредува нашето работење. Ние сме посветени на одржување на развојот на нашата организација почитувајќи ги сите законски стандарди. Наша стратегија за успех е со ефективна употреба на ресурсите да постигнеме најголема можна рентабилност. Примерна задача за нас во секој момент е етички исправен и соодветен начин на однесување кон деловните партнери, конкуренцијата и нашите вработени.

Се надеваме дека со изјавата за мисијата на компанијата ќе ве поттикнеме во вашето секојдневно работење и се радуваме што со ваша помош ќе вдахнеме живот во изјавата за мисијата на групацијата PHOENIX.