• barcode1.jpg
  • gajbica2.jpg
  • punchline2.jpg
  • barkode2.jpg
  • apoteka1.jpg
Smaller Default Larger

Стартува PHOENIX Pharmacy Partnership ширум Европа

 

 PPPlogo

 

·     Најголема мрежа за соработка со аптеките во Европа

·     Директен пристап до продажни и маркетиншки услуги, како и предности при набавките

·     Преку 9.000 аптеки - членки во 15 земји

Манхајм/Скопје 27 септември 2016 год. – Со PHOENIX Pharmacy Partnership, давателот на услуги во здравството PHOENIX за прв пат создаде европска закрила за своите постоечки програми за соработка со аптеките. Со интернационалната соработка меѓу своите компании и засилената размена на знаењa и искуствa, PHOENIX group им нуди на членовите директен пристап до многубројните продажни и маркетиншки услуги, како и предности при набавките.

Повеке од 9.000 независни аптеки во рамки на дванаесетте програми за соработка во 15 европски земји веќе имаат полза од можностите кои ги нуди PHOENIX Pharmacy Partnership. Дванаесетте брендови, кои се локално силно етаблирани, под закрила на најголемата програма за партнерство во Европа со мотото „Клуч за успех“, на независните аптеки и фармацевтската индустрија им даваат понатамошни можности за пораст и нов пазарен потенцијал.

„Со проектот PHOENIX Pharmacy Partnership, на индивидуалните аптеки и фармацевтските производители ширум Европа им нудиме решенија по мерка за нивните локални и регионални потреби“, вели Оливер Виндхолц, претседател на управниот одбор на PHOENIX group. „Благодарение на присуството во вкупно 26 земји и долгогодишното искуство во фармацевтската трговија на големо и аптекарскиот бизнис, PHOENIX поседува сеопфатни познавања на локалните пазари, кои сега ги ставаме под закрила на PHOENIX Pharmacy Partnership“, вели Виндхолц.

PHOENIX Pharmacy Partnership е дел од услугите  кои ги нуди брендот „All-in-One“ на PHOENIX. За PHOENIX group ова е уште еден чекор напред на својот пат да стане најдобар интегриран давател на услуги во здравството.

Маркетиншкиот концепт на аптеки BETTY е дел од PHOENIX Pharmacy Partnership проектот. Препознатливи по визуелните решенија, активната промоција кон крајните купувачи, едукација на менаџерите и вработените во аптеките и производите со сопствен бренд, BETTY поставува нови стандарди на пазарот во Македонија и создава компаративна предност со која аптеките - членки на концептот се позиционираат како лидери во полето на услуги и иновации.

За повеќе информации во врска со PHOENIX Pharmacy Partnership посетете нè на: www.phoenix-pharmacy-partnership.eu

Лице за контакт за односи со медиумите

PHOENIX Pharma DOOEL

Jadranska Magistrala 31

1000 Skopje, Macedonia

Sanja Stamenkovic

Tel:+389 2 2770 218

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.