• apoteka1.jpg
  • barcode1.jpg
  • barkode2.jpg
  • gajbica2.jpg
  • punchline2.jpg
Smaller Default Larger

Маркетинг концепт BETTY

BETTY е прв B2C (business to consumer) модел за аптеки на нашиот пазар наменет за крајниот потрошувач. Тоа овозможува маркетиншко унапредување на услугите на аптеките, како и на самото работење на аптеките, со поддршка на останатите сегменти од компанијата PHOENIX. Тоа е прва програма за лојалност развиена за аптеките, која има цел да ги задоволи потребите на современиот потрошувач.

 

bettypravi

 

Препознатливост на аптеките со ознака BETTY

Елементите за препознатливост се содржани во градењето на единствен визуелен идентитет. Синергијата на надворешни и внатрешни обележја, специфичниот пристап спрема пациентите и врвната фармацевтска услуга претставуваат предуслов и крајно обележје на аптеките BETTY.

BETTY светлечка реклама

BETTY излог

        BETTY надворешен светлечки дисплеј

BETTY полица со производи на препорака на месецот

BETTY внатрешен дисплеј со постер за препорака на месецот

Вредности на брендот BETTY

Грижата за здравјето на секој поединец кој влегува во аптека во потрага за препарат или стручен совет е суштината на добрата фармацевтска пракса. Во аптеките со ознака BETTY пациентот се чувствува сигурно, пријатно и наградено. Тоа што придонесува за зајакнување на брендот BETTY е:

Прав совет – Фармацевтот како најдостапен здравствен работник може секогаш да понуди стручен совет за правилна примена на лековите и превенција од појава на болести, со што активно придонесува за зачувување и подобрување на здравјето на пациентот.

Прав асортиман – Поддршката од компанијата PHOENIX, при набавка и снабдување на аптеката, е клуч за успехот на BETTY аптеките со што на своите потрошувачи им нудат можност на едно место да пронајдат лекови и производи кои може да ги задоволат сите нивни потреби.

Месечна препорака на одредени производи – Согласно потребите на потрошувачот и актуелните здравствени теми, секој месец се прават посебни попусти на одреден број артикли како препорака на месецот.

BETTY здравствен магазин – Потрошувачите можат да добијат бесплатен примерок од здравствениот месечен магазин  и да се информираат за сите актуелни здравствени теми.

Медиумско рекламирање – Аптеките во BETTY програмата добиваат медиумска присутност  пеку сите канали на обраќање на крајниот потрошувач и со самото тоа стануваат дел од брендот.

Постојани иновации – BETTY е динамична програма за развој и унапредување на добрата аптекарска пракса.

BETTY мрежата на аптеки и нивната препознатливост, како и квалитетот на понудата во самата аптека придонесуваат за подигање на стандардот на квалитет на фармацевтската малопродажба на нашиот пазар, како во стручноста и асортиманот, така и во доменот на подобро позиционирање и водење на малопродажниот бизнис.