• apoteka1.jpg
  • barcode1.jpg
  • barkode2.jpg
  • gajbica2.jpg
  • punchline2.jpg
Smaller Default Larger

PHABIS - софтвер за управување со работењето на аптеката е развиен во рамки на компанијата со сопствени ресурси. Во многу краток временски период го најде своето место во деловните системи на најзначајните учесници на пазарот.

Phabis со своите функции го обединува работењето на целиот синџир на аптеки, ги автоматизира сите процеси на известување во здравствените установи и нуди други напредни решенија со кои се издвојува на пазарот.

 

PHABIS logo 

 

 

Phabis тимот има два сегменти: комерцијален и кориснички.

Комерцијалниот Phabis тим е во секојдневен контакт со потенцијалните корисници на софтверот, ги координира процесите на имплементација на програмот и обуките на новите корисници, и нуди консултантски услуги на клиентите кои се дел од Phabis системот.

Phabis корисничката поддршка има три нивоа. Првото ниво е help desk поддршка која на корисниците им дава потребни информации за непречено секојдневно функционирање на програмот, дава совети со цел ефикасно и напредно користење на дадените опции.

Второто ниво е техничка поддршка која се занимава со решавање на техничките предизвици до кои може да се дојде во текот на работењето со програмот. Нивна задача е одржување на постоечките технички решенија и превентивно реагирање при неусогласувањата помеѓу потребите на клиентите и можностите кои ги нуди софтверот.

Третото ниво на поддршка на Phabis тимот работи на постојано унапредување на корисничките опции и развој на софтверот.