Групацијата ФЕНИКС, преку партнерски програми со аптеки низ Европа, нуди пристап до нови алатки за маркетинг и продажба и можности за развој во секојдневното работење на аптеката, со цел подобрување на усугата за пациентите, подобра деловна активност и позиционираност на пазарот.
Преку програмата за партнерство, групацијата ФЕНИКС обединува 13 брендови во 16 земји низ Европа со повеќе од 12.300 независни аптеки.
За фармацевтската индустрија, како и за независните аптеки, ваквите програми значат синергија на искуство и знаење, извонреден пристап во развојот на фармацевтски услуги и прилагодени решенија преку 13 силни локални брендови, од кој едниот е BETTY.