Како сигурен партнер на пациентите, аптеките и здравствените установи во Северна Македонија, веруваме дека одговорното однесување е од витално значење за одржливиот успех на компанијата.
Феникс Фарма ДООЕЛ е член на групацијата ФЕНИКС од 2010 година. Работи на пазарот во Северна Македонија како веледрогерија за лекови и други фармацевтски производи. Повеќе од една деценија, компанијата е активен учесник во здравствениот систем на Северна Македонија и еден од клучните фактори во обезбедување на континуитет во испораката на фармацевтски производи.
Соработува со сите клучни производители на фармацевтски производи во земјата и странство, а преку дистрибутивниот центар во Скопје снабдува болници, аптеки, здравствени домови и друго.
Таа е призната како лидер во својата деловна активност поради постојаните инвестиции во подобрување на процесот на снабдување, така што производите се достапни секогаш и секаде каде што е потребно.
Преку партнерската програма BETTY, ФЕНИКС Фарма обезбедува дополнителна маркетинг поддршка на аптеките под брендот BETTY.
Дистрибутивни центри: | 1 |
Број на вработени: | 90+ |
BETTY аптеки: | 120 |
Годишни испораки: | 78.000 |
Вкупен капацитет за складирање: | 3.500 m2 |