Со пристап на регионална соработка и еден контакт за сите потреби на современиот фармацевтски бизнис, ЕЛ Фарма како компанија членка на ФЕНИКС групацијата нудиме широк спектар на услуги посветени на здравствените дејности.
Пазарот на Југоисточна Европа што го опфаќа ЕЛ ФАРМА како дел од групацијата ФЕНИКС обезбедува изобилство можности за сите фармацевтски компании кои бараат нови пазари за да ги пласираат своите производи и услуги. Регионалната соработка и модерниот пристап кон бизнисот се императив во сите деловни односи.
Развојот и градењето деловни активности за нашите партнери е тоа што ние го работиме. ЕЛ Фарма како ФЕНИКС комапнија обезбедува услуги за застапување во маркетинг и продажба на фармацевтски брендови и производи на професионален, координиран и компетентен начин.
Регистрацијата на лекови и медицински производи е една од услугите што им ги нудиме на нашите партнери. Големото искуство во регулаторната дејност е резултат на долгогодишната регистрација и успешното пласирање на големиот број брендови на локалните пазари. Посветениот тим на ЕЛ Фарма им нуди услуги за регистрација на сите партнери на ФЕНИКС.
Кога пациентите не се во можност да го добијат најдобриот медицински третман со производите достапни на пазарот, нелиценцираниот лек е одговорот. Знаеме колку е важно пациентите да добиваат вистински лекови во вистинско време.
На нашите партнери (фармацевтски компании, спонзори, CRO организации) им нудиме поддршка за спроведување на клинички испитувања во Северна Македонија преку флексибилни решенија во согласност со специфичните потреби на клиентите.
Логистичката поддршка, набавката на компаративни лекови и локалните набавки на барање на клиентот се обезбедени од тим на професионалци со долгогодишно искуство и знаење од областа на фармацевтските регулативи, регулативи за надворешна трговија, барања за обезбедување квалитет со користење на современа опрема и врвни ИТ решенија. Бидејќи сме специјалисти во обезбедување на логистичка поддршка на клинички испитувања, ние сме Вашиот сигурен партнер.
Нашите услуги со додадена вредност создаваат дополнителен простор за соработка. Регулативите, комплетно опремен простор и обучен и искусен тим обезбедуваат високо ниво на услуга меѓу стандардизираната логистика за складирање.
Ние нудиме широк спектар на магацински услуги дизајнирани за да го поддржат континуираното снабдување на фармацевтски компании. Ние обезбедуваме професионална услуга за клиенти и високо флексибилни и прилагодени решенија за да ги направиме производите достапни на фармацевтскиот пазар. Ние постојано работиме на подобрување на нашиот систем за управување со квалитетот.