Како семејна компанија, се обврзавме на трајно одржување на компанијата, како и долгорочно зголемување на нејзините вредности. Посветени сме на одржлив раст кој го постигнуваме со континуиран развој.
Со нивно усовршување во сите области не поттикнуваме само поедници, туку истовремено обезбедуваме успешен развој на целата групација. Тоа ни овозможува задачите кои бараат одговорност лесно да ги решаваме како денес, така и во иднина.
Одржлив раст за создавање вредности
Посветени вработени за одлични перформанси
Think together global – act local! Примената на успешни искуства и деловни решенија во сите наши компании е она што нѐ води напред. Суштинска предност во однос на конкуренцијата е конструктивната соработка што ги надминува границите на земјите и народите.
Низ цела Европа ние секојдневно учиме едни од други преку постојана размена на искуства, споделување најдобри деловни практики и поттикнување на размислување што го надминува опсегот на дејствување. Во исто време, се карактеризираме со единствено географско покритие на пазарот. Ова ни овозможува флексибилно и брзо да одговориме на специфичните локални барања.
Нашето работење е засновано на вредности кои важат во сите наши компании. Тие се темел за секојдневно исполнување на нашата мисија „We deliver health across Europe“.